Републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот, септември 2023 година, да се прогласи за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Иницијативата за резоулцијата ја поднесе Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Во аудио разговорот коосновачот и претседател на ОМД, Мето Колоски, објаснува повеќе за оваа резолуција, но и за останите активности на ОМД.
Share





