Насилство во македонското Собрание, Заев, Села и десетици други повредени
Zoran Zaev, the leader of Social Democratic Union of Macedonia tries to leave the Parliament Source: AAP Image/EPA/STR
Лидерот на СДСМ Зоран Заев со раскрвавено чело и со полициско обезбедување го напушти собранието како и десетици други повредени при напад од страна на демонстранти, меѓу кои Максим Димитриевски, Зијадин Села и Дамјан Манчевски,а потпретседателката на СДСМ и пратеничка Радмила Шеќеринска на очиглед на сите беше влечена за коса од еден од демонстрантите кои влегоа во салата каде што новиот парламентарен спикер Талат Џафери држеше конференција за печат.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,кој беше во Виена каде што, како што велат од партијата бил на средба со лидерот на австриската владејачка народна партија Вернер Амон, преку својот профил на „Фејсбук повика на присебност и додаде дека насилството не е решение.Известува Милчо Јованоски
Share