КУД "Разиграна Македонка" од Квинбијан со настапот на фестивалот на македонска храна измами силни аплаузи од посетитетлите. Во Мелбурн допатуваа со три играорни групи. Кореографот Дарко Андревски во разговор за СБС Радио не го криеше задоволството од првото учеството на фестивалот.
КУД " Разиграна Македонка" над 25 години ги негува и чува македонските ора и песни во Австралија. Овој расадник на играорци од Kвинбијан годинава прв пат настапи на фестивалот на македонска храна во Фуцкрај, Мелбурн.

Кореографот и играорец во друштвото Дарко Андревски вели:
" Овде сме прв пат и многу сме горди и среќни што можеме да се претставиме со дел од нашиот репертоар и да се дружиме сите македонци".

И навистина играорците од Квинбијан со леснотија ги играа: Попова ќерка, Лазаринки, Кочово оро и Шопскиот сплет и со голем аплауз беа поздравени од многубројните посетители.

Три кратки видеа од настапот на фестивалот кои заслужуваат да се погледнат и видат играорните вештини на членовите на "Разиграна Македонка".



