Република Северна Македонија - победа според Заев, пораз според Мицкоски

Both Macedonian and Greek Prime Ministers called the agreement a historic triumph Source: AAP
"Република Северна Македонија" за севкупна употреба и "македонски јазик" без фуснота - тоа е политичкиот договор што го склучија македонскиот премиер Заев и неговиот грчки колега Ципрас, во врска со деценескиот спор за името. Лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски го нарече решението "капитулација и пораз што се прикажува како победа" и најави дека ВМРО ДПМНЕ ќе гласа против промена на Уставот, со цел промена на уставното име.
Share



