SKIP TO MAIN CONTENT

Рокдејл сити санс - Илинден подготвен за Сиднеј ФК и за Илинденскиот бал

Luie Beleski
Luie Belevski - Rockdale City Suns FC Source: SBS

Фудбалерите на Рокдејл сити санс - Илинден во 19-то коло го победија Маркони со 2 : 1. Но, во клубот сите мисли се свртени и кон претстојниот натпревар против А - лигашот Сиднеј ФК во рамките на Фудбалскиот куп на Австралија кој се игра на 1 Август. Паралелно со подготовките на фудбалерите, управата на клубот се подготвува и за претстојниот традиционален Илинденски бал кој ќе се одржи на 28 Јули по повод Македонскиот национален празник Илинден. Повеќе за активностите во клубот слушнете од разговорот со Луи Белевски секретар во Рокдејл Илинден.


Published

Updated

By Vase Kocev

Source: SBS


Skip to podcast episode content

Фудбалерите на Рокдејл сити санс - Илинден во 19-то коло го победија Маркони со 2 : 1. Но, во клубот сите мисли се свртени и кон претстојниот натпревар против А - лигашот Сиднеј ФК во рамките на Фудбалскиот куп на Австралија кој се игра на 1 Август. Паралелно со подготовките на фудбалерите, управата на клубот се подготвува и за претстојниот традиционален Илинденски бал кој ќе се одржи на 28 Јули по повод Македонскиот национален празник Илинден. Повеќе за активностите во клубот слушнете од разговорот со Луи Белевски секретар во Рокдејл Илинден.


Рокдејл сити санс во дербито на 19 -то коло го совлада Маркони со 2:1. Головите за Рокдејл ги постигнаа А.Чанак и Б.Антониу. Со новите бодови "Илинденци" се зацврстија на петото место на табелата со 29 бода.

По натпреварот тренерот на Рокдејл Пол Рид со коментар за важната победа.

Заслужената победа беше прославена на трибините заедно со навивачите но и во соблекувалната од фудбалерите и управата на клубот.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now