Иако никогаш не се занимавала со уметност и ова и е прво хоби, Ружица скромно вели дека целиот процес на изработување на сликите и дава посебно чувство на смиреност, продуктивност и физичка активност.
Таа шеста година по ред, секој ден по неколку часови поминува околу парковите на овој рајски остров каде под неговите дрвја ги наоѓа пердувите во најпрекрасни бои од кои создава уметност.
Со Ружица Темелковска, која патем од нејзиниот сопруг Гоце го научила солидно македонскиот јазик, разговара нашата соработничка Александра Ѓорѓиева.




