Виза за брак може да биде последно средство за оние кои не можат да добијат постојан престој на друг начин за да живеат во Австралија. Но, се чини дека обидите за постојан престој преку легитимни канали може да биде исто толку ризично како што е да се плати на некој да се омажи или ожени за тебе. Специјална истрага од страна на програмата Тhe Feed, на SBS Viceland го истражува подземниот пазар каде австралискиот постојан престој се купува и продава. Таму наоѓаат несовесни агенти и брокери за работа, и разговараат со жртвите кои изгубиле илјадници долари во потрага по Австралискиот сон.
Share





