Премиерот Скот Морисон вели дека глобалните институции премногу се вклучуваат во управувањето со независните земји. Г-дин Морисон предупредува против идеологијата што ја нарече „негативен глобализам“ и вели дека само федералната влада треба да дефинира што е во националниот интерес на Австралија. Лабористите велат дека реториката на г. Морисон звучи националистичка, и како онаа на американскиот претседател Доналд Трамп.
Share





