Прославата на Новата година е само еден од многуте традиции и обичаи што датираат од времето на античкиот римски период и коишто до денес се зачувани преку Христијанството, вели македонскиот археолог и директорка на невладината организација "Хаемус", Василка Димитровска. Еден од проектите на оваа организација, посветена на научно истражување и промоција на македонското, културно наследство е "Scupini Romani". Користејќи костими, реквизити и предмети инспирирани од времето на Римскиот период, "Хаемус", историски го реконструира начинот на којшто во времето на Римската Империја живееле луѓето на територијата на денешна Република Македонија.