Ирена Трајковска – Гуру за рециклирање употребена облека : Стилот нема цена

Irena Trajkovska and her stylish family in second-hand clothes Source: Irena Trajkovska
Новодојдената Битолчанка во Сиднеј, Ирена Трајковска, основач на онлајн платформа преку која може да се продава, купува, разменува или донира употребена облека вели дека за да бидете облечени со стил, не ви се потребни многу пари. Таа купува стара облека за целото семејство,употребен мебел за своето домаќинство и со тоа што им дава нов живот има убаво чувство дека придонесува за помалку отпад и помало загадување на животната средина. А, заштедените пари ги користи за патувања и нови животни искуства и доживувања.
Share