Силвана Наумовски e менаџерка во CSL, водечка глобална биотехнолошка компанија за лекови кои спасуваат животи. Но,во своето слободно време таа е потпретседателкa на фудбалскиот клуб "Престон Македонија" од Мелбурн и една од ретките жени на значајна позиција во управниот одбор.
Своето долгогодишно искуство во деловниот свет Силвана го посветува на подобрување на можностите во спортот за женскиот фудбал и проширување на кадровската моќ, создавање вистинска атмосфера на инклузивност како и примерна комунална средина за сите што членуваат во клубот
Share





