ФК Шепартон Македонија јубилејот 60-ет години постоење го одбележа со фудбалски турнир на кој учествуваа Алтона Меџик Вардар, Престон Македонија и Лалор Слога. Покрај фудбалот, тоа беше можност повторно да се видат дел од поранешните фудбалери и да се евоцираат спомени за годините исполнети со успех. ФК Шепартон и понатаму ке биде клуб кој ја обединува македонската заедница во овој регион ветуваат од управата на клубот. Турнирот го посетија и дел од навивачите на клубовите од Мелбурн кои задоволни си заминаа од Шепартон.
Турнирот го отворија екипите на Шепартон Македонија и Лалор Слога за фудбалери над 35 години.

Потоа на зелениот терен истрчаа првите тимови на Лалор Слога и Шепартон Македонија.


Со нетрпение се очекуваше пресметката меѓу Алтона Меџик Вардар и Престон Македонија. Одиграа натпревар како за бодови а на крајот се радуваа фудбалерите на Престон Македонија.

Во клубските простории беа изложени и пехарите освоени во изминатите години кои доволно зборуваат за успесите на ФК Шепартон Македонија.

Меѓу присутните на одбележувањето на јубилејот ги забележавме и двете легенди на овој клуб Велјо Поповски и Нико Дамчев. Со задоволство евоцираа спомени за првите години од формирањето на клубот.






