Социјалните медиуми ги преобликуваат границите помеѓу аутизмот и дефицитот на внимание/хиперактивноста (ADHD), според ново истражување на Универзитетот на Мелбурн. Откриено е дека сè поголем број луѓе од онлајн групи на двете ментални здравствени состојби идентификуваат дека имаат и ADHD и аутизам.
Но, истражувачите, експертите и застапниците предупредуваат дека иако двете ментални здравствени состојби може да се појават заедно, тие треба да се третираат одделно.
Според австралиската владина служба Healthdirect, нарушувањето на аутистичниот спектар или аутизмот е развојна состојба што влијае на индивидуалната интеракција со светот.
Нарушувањето на дефицитот на вниманието/хиперактивноста или ADHD е исто така развојна состојба што вклучува симптоми на лесно расејување, импулсивност и хиперактивност.
Во последниве години, како што луѓето стануваат по отворени да дискутираат за менталното здравје на социјалните медиуми, нови истражувања покажаа дека луѓето ја замаглуваат линијата помеѓу двете состојби на менталното здравје кога дискутираат за нив на социјалните медиуми.
-//-
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here:





