Заменувајќи ги гласните рифови за срдечни мелодии, Ванеса сега пишува и снима оригинални песни на секои шест недели - секоја инспирирана од приказната за куче кое чека на својот вечен дом.
Нејзината цел е едноставна, но моќна: да ја подигне свеста и емпатијата за овие често занемарени животни, песна по песна.
Преку музиката, Ванеса им нуди глас на безгласните и носи надеж, хармонија и срце во засолништата низ целата земја.
За да ги слушнете досегашните три композиции на Ванеса во кои таа ги отпејува индивидуалните приказни на кучиња во засолништa niz Мелбурн, одете на веб страницата na Story of a Lonely Dog.
-//-
Ванеса Морфеа потекнува од познатото музичко и уметничко семејство Велински од Битола.
-//-
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here: