Има разни видови на деменција и нашата соговорничка Верица Сајдовска, менаџерка во Македонската добротворна организација на НЈВ вели дека е од голема важност, членовите на семејството да научат што повеќе за истите за да можат полесно да се справуваат и да му помогнат на лицето кое страда од болеста. Таа вели дека, за жал, во македонската заедница и натаму постои голема стигма во врска со болеста.
Ако сакате повеќе поединости јавете се на My aged care на 1800 200 422 или посетете ја страницата myagedcare.gov.au
Овој разговор можете повторно да го слушнете на нашата интернет страница www.sbs.com.au/macedonian а наскоро и на www.speakmylanguageradio.com

Share





