Семејствата и начините на кои се водеше грижата за постарите во минатото, денес се имаат во голема мера изменето.Планирањето за иднината може да ги вклучува културните, јазичните и верските желби. Размислете за тоа каде сакате да живеете. Каков вид живот сакате да водите и како да живеете воопшто. Верица Сајдовска, менаџерка во Македонската добротворна организација а НЈВ ги објаснува пакетите за старска грижа кои им стојат на располагање на постарите, зависно од нивните физички и ментални способности, како и нивните барања какви услуги сакаат и кога, колку и како им се потребни.
Ако сакате повеќе поединости јавете се на My aged care на 1800 200 422 или посетете ја страницата myagedcare.gov.au
Овој разговор можете повторно да го слушнете на нашата интернет страница www.sbs.com.au/macedonian а наскоро и на www.speakmylanguageradio.com

Share





