Панде Коштревски, координатор на младинските екипи на фудбалскиот клуб Престон Лајонс од Мелбурн вели дека "Младинскиот македонски турнир", што се одржува од 3 до 5 октомври со повеќе од 1.460 учесници и импресивни 156 натпревари, ветува незаборавни моменти исполнети со акција, но и многу повеќе.
Ова ќе биде вистинска сцена за идните фудбалски ѕвезди, истовремено обединувајќи ја заедницата во тридневна прослава исполнета со спорт, музика, вкусна храна и македонска традиција, вели за СБС на македонски г-дин Коштревски.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:





