Претседателката на хуманитарната асоцијација “Св Архангел Гаврил” од Сиднеј ,Татјана Неделкоска вели дека чувството да се помогне некому во неволја е прекрасно и додава дека мотото на членовите е “Сакај го ближниот свој како себе си “.
Нејзиниот сопруг, Влатко Неделкоски, благајник на асоцијацијата, вели дека за 7 години, од основањето до сега, хуманите луѓе од македонската заедница од Сиднеј со донирани 320,000 австралиски долари им помогнале на 120 болни лица и деца во РМ.
Асоцијацијата во 2014-та година беше добитник на специјалната повелба од претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, за чување и промовирање на македонскиот јазик, историските, културните и духовните традиции и вредности во светот како и придонес во односите меѓу Австралија и Р. Македонија.





