Стефановски "се враќа" дома

Source: Vilenica
Македонија се збогува со еден од нејзините најистакнати писатели и интелектуалци, брилијантниот драматург Горан Стефановски. Својата интернационална слава Стефановски ја стекна со над 30 драмски текста, вклучувајќи ги "Хај-фај", "Лет во место", "Тетовирани души", "Црна дупка","Диво месо" и "Чернодрински се враќа дома". Неговите дела беа преведени на 17 светски јазици, вклучително и кинескиот. Неговото семејство кое живее во Англија, рече дека посмртните останки на големиот писател ќе бидат кремирани и расфрлани во водите на Охридското езеро.
Share


