Стефани Димовска е ученичка во 7 година во St. Monica College. Карате тренира седум години а веќе четврта година се натпреварува.
Стефани вели: " Тренирам шест дена во неделата по два часа а понекогаш и по три часа за да бидам добро подготвена".

На претходното првенство на Океанија, Стефани го освои првото место. За претстојното кое ќе се одржи во Нов Зеланд очекува повторно да победи.
Слушнете од видеото:
Стефани на годинашново отворено првенство на Австралија но и во натпреварите во конкуренција на Австралските училишта ги освои првите места во ката.
" Моја желба е еден ден да настапам на светски првенства и олимписки игри и да постигнам добри резултати. Знам дека е тешко да се стигне дотаму и затоа тренирам напорно " - вели Стефани
Макајла Тасевска на првенството на Океанија ќе настапи во ката и кумите до 12 и 13 годишна возраст.
Вели дека е добро подготвена и очекува успех. Слушнете од видеото:
Макајла е ученичка во 6 та година во Mill Park Primary School и карате тренира од шестгодишна возраст.
"Тренирам шест дена во неделата. На почетокот ми беше тешко но после се навикнав сега ми е забавно и не можам без карате" - вели Макајла.

Макајла има постигнато успеси на државните првенства на Викторија но и на национално ниво. На последното отоврено првенство на Австралија и натпреварите на Австралиските училишта освои сребрени медали во ката и кумите
"Сакам во каратето да постигнам добри резултати и да настапам на светски првенства и олимписки игри но еден ден и јас да тренирам млади талентирани каратисти " - вели Макајла





