Првото јазично катче за деца на предучилишна возраст, што се оддржува секој вторник во 10.00 часот наутро во Основното Училиште Лејлор Норт, неоддамна започна со работа. Успехот на сесиите на кои се чита и пее на македонски се докажува преку редовно исполнетите бесплатни сесии.
Претседателката на Македонското Учителско Здружение на Викторија, Јованка Смилевска, вели долго време оваа возрасна група била занемарена поради недостаток на финансиски средства.
Неоддамнешната парична поддршка од градската општина на Витлси, овозможи овој долго посакуван проект да се реализира и стане место за предучилишните деца од македонско потекло да слушаат приказни и да пеат македонски песнички на свој мајчин јазик.





