Викторија стана првата држава во Австралија која официјално ја забрани употребата на кукастиот крст, нацистичкиот симбол познат и како Hakenkreuz. Оние кои ќе ги прекршат новите закони се соочуваат со големи парични казни, па дури и затворска казна. Сепак ќе има исклучоци за употреба на верска и културна основа и за образовни цели. Законите се создадени како одговор на оживувањето на неонацистичките и екстремно десничарските екстремистички активности во последниве години, а слична легислатива ќе следи во Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Јужна Австралија.
Share





