Марија Макри, мајка на три момчиња, од кои едното боледува од церебрална парализа, успешно истрча 70 км и покрај силниот ветер во Сиднеј. Тоа е дел од добротворната акција за подигнување на свеста и за собирање донации за неопходна опрема, истражување, терапии и услуги за децата и возрасните кои живеат со церебрална парализа. Марија инспирација црпе од нејзиниот татко, познатиот македонски атлетичар Стефче Георгиевски, кој ја бодреше на секој чекор од нејзиниот маратон.
Share




