Владо Јаневски од Сиднеј се закити со Антев златник

Владо Јаневски и Емилија во студио фото.jpg

Владо Јаневски, писател, поет, сликар и стрип автор, добитник на овогодишната награда "Антев златник" што ја доделува меѓународната поетско-културна манифестација " Анте Поповски - Антево перо" и поетесата Емилија Тодорова во студиото на СБС, 29 септември 2025, Сиднеј.

Еден од најнаградуваните македонски писатели, Владо Јаневски од Сиднеј, оваа година се закити и со престижниот "Антев златник" за неговата поетска збирка "Молкозбор".


"Антев златник" е награда за необјавена поетска книга на македонски јазик, а востановена е во Македонија во 2019 година во чест на великанот на македонската книжевност и еден од најистакнатите македонски поети од втората генерација - Анте Поповски.

Наградата ја доделува меѓународната поетско-културна манифестација " Анте Поповски - Антево перо"и се состои од златник со ликот на поетот Анте Поповски.

Се доделува секогаш кога комисијата ќе констатира висок квалитет на пристигнати ракописи, а бројот на добитниците, вообичаено е двајца во една година.

Нашиот соговорник Владо Јаневски е писател, поет, сликар и стрип автор, родум од Прострање, Македонија, кој од 1989 година живее и работи во Сиднеј.

Литературниот опус на Јаневски се состои од 6 романи за возрасни, збирка раскази, поетски збирки и книги за деца.

Добитник е на бројни книжевни награди, меѓу кои и наградата "ПЕГАЗ" за најдобар необјавен роман на годината за "Мртвите знаат најдобро", наградата "Стојан Христов" за најдобра поетска збирка за "На грбот на неповратот", наградата Скрипт-фест за најдобро сценарио за долгометражен филм...

Добитник е и на наградата "Македонски корени" за постигнувања во литературното и ликовното творештво доделена на Меѓународниот фестивал "Книжевен круг" во 2024 година.
Јаневски беше и финалист за наградата "Стале Попов" на Друштвото на писателите на Македонија.

За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:

For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:


Share
Follow SBS Macedonian

Download our apps
SBS Audio
SBS On Demand

Listen to our podcasts
Independent news and stories connecting you to life in Australia and Macedonian-speaking Australians.
Ease into the English language and Australian culture. We make learning English convenient, fun and practical.
Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS
Macedonian News

Macedonian News

Watch it onDemand