Сирија Австралија
Fred Najjar and Harry Nackichbandi . Source: (SBS Dabbagh)
Членови на Сириска заедница во Австралија побараа од сојузната влада да го забрза процесот на преселување на бегалците од Сирија и Ирак. Всушност, само мал број семејства, поточно само 26 лица од вкупно 12 илјади луѓе кои Австралија се обврза да ги преземе до крајот на минатата година, пристигнаа во земјава. Асиријците се Христијанска малцинска група, присутна во Ирак и Сирија, како и другите земји во околината, а се цел на т.н. Исламска Држава.
Share



