" Има повеќе Македонии. Македонија на другиот која цврсто се определува во Букурешкиот договор со нашиот-грчки потпис. Кога го слушаме извикот: „Македонија е една и грчка!“ се возприема како иредентизам, како непочитување на меѓународните договори на земјата. Може и да не звучи добро, но тоа е вистината. Грчката Македонија е грчка и да сум појасен СТАНА грчка. затоа што по население Македонија до 1912/1913 и 1921/1922 кога дојдоа бегалците од Мала Азија немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југот. Значи стана грчка со размена на население преку тешките настани кои ги преживеавме и ние, но и други народи во регионот. Ако е тоа така, со грчкиот потпис, а не со моето тврдење овде, (?)кон што водат извиците: „Македонија е една и грчка!“? Со кого си играме мајтап? Со самите себе," рече пратеникот на партијата Сириза за време на вжештената дебата во грчкиот парламент за ратификацијата на Преспанскиот договор.
Грчки пратеник на Сириза: "Македонија не е една и грчка"

Никос Филис,министер за образование во Атина,Грција на 28 септември, 2016 (Photo by Wassilios Aswestopoulos/NurPhoto) Source: NurPhoto
"Може и да не звучи добро, но тоа е вистината. Грчката Македонија е грчка и да сум појасен, стана грчка. Затоа што по население Македонија до 1912/1913 и 1921/1922 кога дојдоа бегалците од Мала Азија немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југот. Значи, стана грчка со размена на население преку тешките настани кои ги преживеавме и ние, но и други народи во регионот"
Share



