Една од најдобрите македонски вокалистки, којa исто така е текстописец и композитор, специјализира во балкански и византиски хармониски стилови кои и го отворија патот до филмот “Троја” на Волфганг Петерсен и дуетот со Џош Гробан. Таа беше вокалистка во филмот "Страста на Христос" на Мел Гибсон, а исто така се појави во "Еден џиновски скок", документарен филм за филозофија на музиката на Џејми Катто и Данкан Бриџман како и во филмот "Мајки" на Милчо Манчевски.
Во овој редок запис за време на снимањето на филмот "Троја", можете да го слушнете композиторот Џејмс Хорнер како работи со Тања Царовска на вокалите за секвенцата во која Хектор е поразен од Ахил.
Во клипот од филмот "Мајки" на познатиот македонски режисер Милчо Манчевски кој сега живее и работи во Њујорк, можете да ја слушнете Тања Царовска со изведба на песната "По друм одам"
Тања Царовска пее во живо на СБС Радио