Танц на лотосовите цветови во езеро во Нов Јужен Велс, кристалните води на водопад над езерото Меквори, цвекиња во дивината, Сините Планини, делфини во подводниот рај на Големиот гребен, живите бои на папагалите во Какаду, ибиси во барите... ова се некои од темите што ја инспирираа Татјана Филиповска, градежна инженерка и магистер по хидротехнички науки, вљубеник во австралиските пејсажи, да ги пренесе своите импресии на платно.
Уметнички доловените австралиски пејсажи, флора и фауна од мулти талентираната Татјана Филиповска, ги украсија sидовите на салата при МПЦ. "Света Петка" во сиднејската населба Рокдејл.
Слушнете за нејзината страст за уникатниот живописен свет на земјава, која што од 2005 година, Татјана, родум од Скопје, ја нарекува свој дом.
Share





