"Ако имаме над 100 илјади Македонци во Австралија, а во Викторија имаме околу 40 илјади, да имаме само меѓу 500 и 600 ученици, не, тоа не е во ред", Новка Пејовска-Блајер
Потпретседателката на Здружението на учители по македонски јазик во Викторија и поранешна долгогодишна учителка, Новка Пејовска-Блајер, вели дека на иницијатива на наставниот кадар од оваа асоцијација, формирано е здружение на учителите по македонски јазик во светот со цел размена на искуства, наставни програми и материјали, во обид да се зголеми бројот на ученици кои го изучуваат јазикот.
Наставниот кадар по македонски од повеќе земји во светот одржа неколку виртуелни конференции, на кои е констатирано дека речиси во сите училишта, бројот на учениците по македонски, во последните години се намалува.




