Најдобриот каратист во кати во јуниорска конкренција за 2019 година во Викторија Тео Цветковски очекува добар успех на Светското првенство. Тој исто така е селектиран и во составот на Викторија за претстојното Национално првенство на Австралија.
Ученикот од 12-та година во Есендон Килор колеџ, Тео Цветковски, беше прогласен за најдобар каратист во кати за 2019 година во Викторија во јуниорска конкуренција.
Тео вели дека наградата ја заслужил.
" Оваа награда ја очекував бидејќи вложив многу труд на тренинзите и годинава постигнав добри резултати во јуниорска конкуренција. Освоив неколку први и втори места на повеќе натпреварувања".

По добрите резултати што ги постигна на татамите Тео повторно си обезбеди место во составот на Викторија за претстојното национално првенство на Австралија. Во истовреме доби и повик да ја претставува Австралија на Шотокан светсктото првенство што ќе се одржи од 15 до 21 Јули во Чешката Република.
Тео ќе настапи по втор пат на едно вакво големо натпреварување и вели дека искуството ќе го искористи за постигнување добар резлтат.
"Ќе настапувам во борби и кати во јуниорска конкренција. Тоа ми претставува малку тешко бидејќи морав да ги прилагодам тренинзите на двата стила. Работев напорно, тренирав секојдневно и добро сум подготвен. Сега сум и малку поискусен бидејќи ова ќе ми биде второ Светско првенство во Шотокан стилот. Иако знам дека ќе има силна конкренција очекувам добар резултат."

Вредниот и талентиран Тео Цветковски тренира карате од четири годишна возраст а негов сон е да ја претставува Австралија како сениор на СП и ЛОИ.





