Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Промовирани книгите "Љубов по слика" и "Велика" од Јагода Здравеска-Котеска

Jagoda Zdraveska-Koteska rs.jpg
Јагода Здравеска-Котеска, на промоцијата на своите книги "Љубов по слика" и "Велика" Source: SBS

Во книгата "Љубов по слика" авторката Јагода Здравеска-Котеска го обработува феноменот стапување во брак по слика. Книгата "Велика" која всушност е биографско етнографска сторија за нејзината мајка Велика опишува многу елементи од животот и обичаите не само на нејзиното семејство туку и на жителите од Пелагонискиот крај.


Published

By Vase Kocev

Source: SBS


Share this with family and friends


Во книгата "Љубов по слика" авторката Јагода Здравеска-Котеска го обработува феноменот стапување во брак по слика. Книгата "Велика" која всушност е биографско етнографска сторија за нејзината мајка Велика опишува многу елементи од животот и обичаите не само на нејзиното семејство туку и на жителите од Пелагонискиот крај.


Во организација на Македонското литературно друштво "Кочо Рацин" од Мелбурн беа промовирани две книги од локалната авторка Јагода Здравеска-Котеска. Романот "Љубов по слика" и биографско-етнографската приказна "Велика".

Промотори на книгите беа Гордана Димовска и Крсте Наумовски-Мечкар.

Промовирајќи ја книгата "Љубов по слика" Гордана Димовска истакна:

Романот елаборира настани кои се случуваат во 60-те и 70-те години од минатиот век од животот на младите и миграцијата од Македонија во потрага по подобар живот и склучувањето "брак по слика". Токму тоа ја наведе авторката, да го разјасни но и да го запише и да може секој да го разбере овој феномен и да го поттикне на размислување
Гордана Димовска, поетеса од Мелбурн
Gordana Dimovska.jpg
Гордана Димовска на промоцијата на книгата "Љубов по слика" од Јагода Здравеска-Котеска Source: SBS

Промоторот на книгата "Велика", Крсте Наумовски-Мечкар прочита дел од рецензијата напишана од Роза Костеска:

Ова дело е вистинско македонско етнографско богатство и ќе биде од голема вредност не само за потомците на Велика и Китан туку и за сите Македонци ширум светот за да научат нешто повеќе за македонската култура од прва рака
Крсте Наумовски-Мечкар, поет од Мелбурн
Krste Naumovski -Meckar.jpg
Крсте Наумовски-Мечкар на промоцијата на книгата "Велика" од Јагода Здравеска-Котеска Source: SBS

Авторката Јагода Здравеска-Котеска е по потекло од Прилеп. Во родниот град го завршува основното и средното образование а дипломирала на групата Социологија на Филозовскиот факултет во Скопје.

Во 1999 година со своето семејство се преселува во Австралија и денес живее во Мелбурн.

Jagoda i velika web.jpg
Јагода Здравеска-Котеска со нејзината најголема инспирација за своите дела мајка и Велика Source: SBS

Зборувајќи за своите книги, авторката и се заблогодари на својата мајка Велика која и била голема инспирација да ги напише книгите а нејзината цел во книгата "Љубов по слика" била:

Сакав да ја опишам темата на склучување бракови "по слика" на девојките и момчињата од шесеетите и седумдесетите години од минатиот век . Тоа било тесно поврзано и со печалбарството кога обично момчето било на печалба во некоја прекуокеанска земја а девојката во родниот крај
Јагода Здравеска-Котеска, авторка на книгите "Љубов по слика и "Велика"
Jagoda Zdraveska-Koteska.JPG
Јагода Здравеска-Котеска, авторка на книгите "Љубов по слика" и "Велика" Source: SBS

За биографско-етонграфската сторија "Велика", Јагода Здравеска-Котеска рече дека е производ на вештината на раскажувањето на нејзината мајка која заслужила нејзината животна приказна да биде запишана.

Во книгата сакав да ја овековечам животната приказна на мајка ми. Да се опише животот во Македонија во минатото но и пристигнувањето во австралија со само неколку научени зборови на англиски јазик. Со тоа сакав идните генерации да се запознаат со тој живот од средината на минатиот век особено со животните потешкотии со кој се соочувале жените
Јагода Здравеска-Котеска, авторка на книгите "Љубов по слика и "Велика"

На промоцијата Снежана Џамбазова Попорданова и Лидија Стојаноска, прочитаа извадоци од книгите на Јагода Здравеска-Котеска.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now