Образован низ целиот свет, во вечна битка помеѓу светлината и сенката, екстазата и апатијата, Зоран, како вели самиот, цел живот оди спроти нормалните текови и однесувања. Иако чекори во една константна контрадикторност, до ден денешен „не би променил ниту еден миг од својот живот и продолжувам да ја живеам својата приказна без план, како и до сега“.
Неговата неизмерна страст кон врвната убавина го доведе во друштво на истомисленици и други инспиративни луѓе. Зоран е уметник, филантроп, космополит ... Доволно горд на своето наследство и длабоки корени во македонската историја, фолклор и култура, но сепак скромен да признае дека сè е само подарок што треба да се прими со грациозност и да се сподели со радост, затоа што „она што не е дадено - е изгубено“.

Зоран со синовите Александар, Доминик и Џулијан Source: Supplied by Zoran Jakimov



