Филмот на Гоце Цветановски, „Јон Вардар против галаксијата“, ќе биде прикажан на Sydney Science Fiction Film Festival – најголемиот филмски фестивал во Австралија посветен на научната фантастика, што ќе се одржи од 3 до 5 октомври 2025 во Сиднеј. Филмот е во трка за наградата „Рон Коб“ за најдобар игран филм.


Главниот карактер Јон, е Македонец, кој не е многу интелигентен и работлив, но има добро и чисто срце. Тој е киднапиран од робот мегаломан.Гоце Цветановски

Откако испробавме повеќе акценти, одлучивме роботот Зарк да зборува на слојштечки, македонски дијалект од Западна МакедонијаГоце Цветановски

Share




