Првото Македонско Етничко Училиште во НЈВ “11ти Октомври” слави 40 години
Macedonian Language students "11 October" Source: M.Petkovska
Училиштето ги отвори вратите за учениците по македонски на 26-ти јуни 1976 година со што стана првото независно македонско етничко училиште во НЈВ. Неговото основање беше иницирано од Петре Јанкуловски, Вангел Настевски и Андреа Хрстиќ, а први учители беа Васка Тодоровска и Апостол Апостоловски.Училиштето и натаму е финансирано од Департментот за Образование на НЈВ и од семејствата на учениците.Учителката Мери Петковска изразува голема благодарност до сите што даваат придонес, особено до родителите,бабите и дедовците кои го помагаат и охрабруваат изучувањето на јазикот, културата и традициите
Share


