Како започна македонската приказна во Австралија? Кои беа луѓето што први ја преминаа далечината до Австралија и ги поставија темелите на денешната македонска заедница пред Втората Светска Војна? Какви предизвици ги дочекаа и како успеаја да создадат заедница што трае повеќе од еден век?
Токму на овие прашања ќе даде одговор историчарот и автор д-р Ицо Најдовски на второто предавање од серијалот на Наша Македонија, организација која преку својата мисија продолжува да ја раскажува македонската приказна, да го зачува наследството и да ги инспирира новите генерации.
Предавањето ќе нè врати во 1920-тите години и ќе ги оживее приказните за македонските пионери – луѓето кои со својата визија, пожртвуваност и труд ги поставија темелите на организираниот македонски живот во Австралија.
📍 Jack Dyer Pavilion, Richmond
📅 Недела, 5 јули
⏰ 1:30 часот попладне
🎟️ Влезот е бесплатен.





