Велат “За Петровден кај и да си, во Галичник да си!” - во татковината на гордите Мијаци, што љубоморно ја чуваат македонската традиција и фолклор, и секоја година, токму за овој празник, гордо ја презентираат пред светот, преку културно-сценската манифестација “Галичка свадба”. За деталите во врска со овој битов културен настан, “СБС на македонски “ разговара со Рубенс Муратовски, познат македонски актер, по потекло од Галичник.