Германската влада побара од Бундестагот да донесе одлука за отворање преговори со Македонија и со Албанија, за членство во Европската Унија. Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, испратил писмо до Бундестагот, во кое се наведува дека согласно заклучоците од Европскиот Совет од 26 јуни 2018 година, Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори со ЕУ во јуни, годинава. И еврокомесарот за проширување на Унијата, Јоханес Хан, вчера во Виена, мошне ветувачки изјави дека датум за почнување преговори со ЕУ, Македонија може да добие пред почетокот на летото во Европа.