Младите чувари на македонскиот фолклор во Австралија уште еднаш успешно се претставија со своите песни и ора. Тие исто така потврдија дека се и вистински промотори на македонските културно-уметнички традици не само меѓу македонската заедница туку и пред целокупното австралиско општество. Традиционалниот "Илинденски фестивал" го организираше Федерацијата на македонските културно-уметнички друштва на Викторија.
Share





