Д-р Снежана Џамбазова -Попорданоска, докторка по медицина и психолошки науки, е авторка на популарната трилогија ‘Да се живее поинаку’, основач на невладината организација за личен развој и животна едукација "Another Way of Life Education". Таа е холистички советник и мотивациски говорник чија визија цели кон будење на човечките вредности за да ја подигне колективната свест и да донесе позитивни промени во светот. SBS Macedonian разговара со Д-р Џамбазова Попорданоска за нејзината најнова книга "Клучот за трајна љубов". (втор дел)
Во вториот дел од разговорот Др. Џамбазова -Попорданоска зборува за влегување во брак поради погрешни причини, како ги формираме нашите верувања за љубовта, недостигот на љубов, и надминување на границите на нашето его, како и почитта во љубовта. (втор дел)
Share





