Писмото кое Светиот Синод на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската Православна Црква во кое бара од неа да биде Православна Мајка црква, ако ја препознаат автокефалноста на МПЦ-ОА, предизвика лавина реакции.
Писмото што Светиот Синод на МПЦ-ОА го испрати до БПЦ со барање таа да биде нејзина црква - мајка е обид да се дојде до афтокефалност на поинаков начин отколку што досега се правеше со преговорите со СПЦ - смета новинарот и верски аналитичар Бранко Ѓорѓевски.

Ѓорѓевски е конкретен "писмото ќе остане без конкретен одговор и ќе се одложува одговорот. Тоа е поради притисокот од другите православни цркви и нивниот договор да има целосен косензус меѓу нив при признацање на нова црква".
Share




