Талентираниот Владо Јаневски од Сиднеј е писател, поет, сликар, скулптор, илустратор и карикатурист чии творби беа објавени во познатиот австралиски весник "The Bulletin".
Покрај “Мртвите знаат најдобро”, Јаневски има и три други објавени романи: “Чудо зад аголот”, “Под друга капа” и “Маде ин јабана” како и збирката наградувани раскази "Нема враќање”.
Тој е застапен со наградувани раскази и во повеќе други книги и списанија како и во антологиите "Македонска поезија во Австралија", "Светски конгрес на поети" и зборниците "Поетски иселенички меридијани" и "Коти на копнеж и страст".