Магијата на маските повторно се враќа низ улиците во Струмица

The Strumica Carnival will be held from March 2 to 9, 2022 Source: Strumicki karneval
Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Ќе почнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март, на празникот Тримери, со тримерски ручек и враќање на клучот. Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март. Годинава новина е тоа што карневалското дефиле е со скратена маршрута и во него покрај домашните карневалски групи и поединци ќе учествуваат само три групи од странство. По опширно за оваа културна манифестација слушнете повеќе во разговорот со претседателот на организациониот одбор Александар Цицимов.
Share