Септември е месец посветен на подигнување на свеста за ракот на крвта, а австралиската фондацијата за леукемија денеска започнува нова национална кампања ‘Cut the Cost of Cancer’ со која предупредува на уште еден, често скриен товар со кој се соочуваат болните со рак на крвта и нивните семејства – финансискиот.
Од Фондацијата велат дека секој ден во Австралија на околу 55 лица им се дијагностицира рак на крвта. Но, по првичниот шок од дијагнозата, за многу пациенти и нивните семејства веднаш се отвора и друго тешко прашање – како финансиски да го издржат лекувањето?
Главниот извршен директор на Фондацијата, Крис Танти, вели дека пациентите преку ноќ се наоѓаат во финансиска криза за која никогаш не биле подготвени. Наместо целосно да се посветат на лекувањето и закрепнувањето, тие се принудени да носат тешки финансиски одлуки.
Тој предупредува дека никој не треба да биде ставен пред изборот дали да го плати неопходното лекување или да обезбеди храна за семејството и да ги плати киријата или ратата за станбениот кредит.
Сепак, истражувањето на Фондацијата покажува дека токму тоа им се случува на дел од пациентите.
За финансискиот товар од ракот на крвта, за тоа како кризата со трошоците влијае врз пациентите и семејствата, како и што може да направи Владата за да им помогне, разговараме со директорот за истражување на Фондацијата за леукемија, Бил Ставрески.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:





