Оваа седмица, од 18 до 24 септември се одбележува како Недела на акција за подигнување на свеста за деменцијата.
Според проценките, во Австралија сега има над 400,000 луѓе кои живеат со деменција, а тој број се очекува да се зголеми во следните години.
Една од ретките организации кои што обезбедуваат грижа за постарите Македонци во НЈВ, вклучително и лицата со деменција е "Македонската добротворна организација на Нов Јужен Велс".
Претседателката Верица Сајдовска вели дека социјализацијата е од голема важност и дека бројните доброволци во оваа организација обезбедуваат не само дружба и уво за слушање на нивните сеќавања, најчесто од младоста, туку и вкусни, домашно подготвени оброци од македонската кујна што им ги доставуваат до нивниот дом.




