Промената на името на државата беше најпрво имплементирано на владината веб-страница, по што ќе следува промена на таблите на граничните премини, предвидено за денеска, 13 февруари. Во официјална церемонија со која се одбележа потпишувањето на пристапниот протокол за членство со НАТО, вчера пред зградата на македонската влада беше подигнато знамето на воената алијанса. Нарекувајќи го "лажирање на реалноста" наменето за пренасочување на вниманието од процесот на преименување, претседателската кандидатка и универзитетска професорка Гордана Силјановска, остро го искритикува настанот.
Share





