Авторот, преку своите главни карактери во пелени, симпатичните, досетливи и мудри Влатко и Емче успева со едноставни, куси и хумористични епизоди да каже многу нешта од секојдневниот живот, некогаш и филозофски, што ќе ги подзамислат, а често насмеат и возрасните.
За авторот
Владо Јаневски е писател и сликар кој честопати патува по светот (престојувал во шеесетина земји). Роден е во Македонија, каде што завршил високо образование на УКИМ во Скопје. Од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Објавени дела: роман „Смртта не е крај“ („Арс ламина“, Скопје, 2022), роман „Мртвите знаат најдобро“ („Арс ламина“, Скопје, 2020), роман „Чудо зад аголот“ („Магор“/„Пагома прес“, Скопје, 2020), роман „Под друга капа“ („Магор“, Скопје, 2019), роман „Made in Jabana“ („Слово“, Скопје, 2004), збирка раскази „Нема враќање“ („Студентски збор“, Скопје, 1985).
Застапен е во книгата современи бајки „Детелинки-белинки“ („Арс ламина“, Скопје, 2022), како и во антологиите „Современи кратки книжевни форми“ („Инаку“, Скопје, 2022), „Современи авторски бајки“ („Феникс“, Скопје, 2021) и „Песни за Скопје“ („Феникс“, Скопје, 2021).
Добитник е на наградата за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“ 2021 и на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината во Македонија за 2020 година.