Boots For Balkans е непрофитна организација која собира нова и користена спортскa опрема и ја дистрибуира до подрачја низ целиот Балкан. Собирањето спортска опрема, но и промовирањето на нивната работа меѓу македонската заедница во Австралија беше нивната цел за да организира турнир во фудбал.
Јане Цоцоски од "Boots For Balkans" по турнирот рече:
"Турнирот имаше за цел собирање спортска опрема и донации кои ќе ги испратиме во Македонија, но исто така и да поминеме еден ден во дружење со играчите и да ја запознаеме македонската заедница со нашата работа. Турнирот мина во добра организација и имаме планови да стане традиционален"

Победник на турнирот беше екипата на "Јас не играв" составена од поранешни фудбалери на Lalor Sloga Utd

Видео од прогласувањето на победникот
Фотогалерија со дел од учесниците на турнирот
Share




