Watch FIFA World Cup 2026™ LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Три вековниот печалбарски "карван" донесе стотици илјади Македонци во Австралија

Ico Najdovski - Perin.jpg

Д-р Ицо Најдовски - Перин, историчар и автор на повеќе научни трудови во студиото на СБС радио Credit: SBS

Според историчарот д-р Ицо Најдовски-Перин првите регистрирани Македонци во Австралија се забележани на почетокот на 20-от век. Но, според некои пишувани документи и усни кажувања пристигнале кон крајот на 19-от век.


Како последица на тешкиот социјален и економски живот од македонските етнички простори по патот на надежта, среќата и успехот, пред три века започнала непрекинатата македонска печалбарско - иселеничка сага.

Денес речиси и да нема континет на планатета Земја каде не живеат Македонци.

Од крајот на 19-от век па се до ден денес во првите две декади од 21-от век во континуитет трае доселувањето и во Австралија.

Историчарот д-р Ицо Најдовски - Перин, автор на повеќе научни трудови и добар познавач на темата "Македонците во Австралија" во разговор за СБС радио објаснува подетално за дослеувањето на Македонците во Австралија.


Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now