Во "Паркот Македонија" во Кинг Лејк каде што се наоѓа и манастирот "Свети Климент Охридски” се бараше место повеќе под ладовина. Весело како и некогаш со песни и ора, со вкусно посно манастирско гравче и традиционалната скара.
По повод храмовата слава на Македонскиот Православен Манастир " Свети Климент Охридски" се одржа и света литургија со која чиноначалствуваше Архимандрит Гаврил Галев.

По Светата литургија се одржа благословување на Славскиот Колач и Водосвет од страна Архимандрит Гаврил во сослужение со свештеници од манастирот.

Архимандрит Гаврил го благослови и посното манастирко гравче за кого имаше голем интерес да се проба и никој немаше забелешки за умешноста за негово подготвување од страна на Тоде и Нада Илиеви и Трајанка Трајкова.

Посетителите си наполнија осветена вода и чекаа на ред за посно манастирско гравче.

Посетителите на пикникот во подготовка на своите шатори и секако покрај скарата во подготовка на специјалитети од Македонската кујна.

Како дел од забавната програма настапи Македонскиот оркестар "Рум дум Дум " и Џулиес на гајда.

Убавиот сончев ден беше максимално искористен. Никој не остана рамнодушен на убавата македонска музика која ечеше во манастирскиот комплекс па се развиори и македонското оро.

Посетителите на пикникот ги поздравија и претседателот на МПОМВ Мирчо Ангеловски и Архимандрит Гаврил Галев. И двајцата се заблогадарија за масовното присуство и најавија уште помасовни и подобро организирани настани во манастирот во Кинглејк.
Фото галерија од македонскиот пикник "Гравчето"





