Заедно со активистката и режисерка Робин Марфи и поддржувачката на кампањата Лу Ен — кои го посетија нашето студио пред снимањето за телевизиската серија на SBS "Women Firsts" во 2019 година — се потсетуваме на историската кампања „Jobs for Women“ во Волонгонг.
Во 1980-тите, Слободанка и стотици други жени се спротивставија на рударскиот гигант BHP, барајќи право да работат во челичарницата во Порт Кембла.
Нивната 14-годишна правна битка прерасна во еден од најголемите случаи на родова дискриминација во Австралија што стигна и до Врховниот суд, отворајќи им го патот на жените — многу од нив мигрантки — да работат во индустрии кои со децении им биле затворени.
Нивната храброст и истрајност продолжуваат да инспирираат нови генерации жени и денес.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:




